Општина Јаболци, именувана и како Месен народен одбор Јаболци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.
Историја мини|лево|Општинската зграда. Месниот народен одбор Јаболци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил намален на сметка на новиот Месен народен одбор Сушица кој го добил селото Осинчани. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јаболци бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговото село Осинчани, и соседниот и променет Месен народен одбор Држилово со неговото село Патишка Река. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Јаболци била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Држилово со неговото село Држилово. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Јаболци била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Ракотинци.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јаболци имал 1,409 жители, односно вкупното население на Јаболци, Нова Брезница, и Осинчани. Од таа бројка, 1,235 биле Македонци, додека 174 биле Албанци.
Според пописот од 1953 година, Општина Јаболци имала 3,169 жители, односно вкупното население на Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, и Патишка Река.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 1,538Албанци 806Турци 812Срби 1Неопределени Југословени 12
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Наводи
Јаболци Јаболци Јаболци Категорија:Драчевска Околија Категорија:Скопска Околија