Скулјари (, Агија Киријаки; до 1961 г. Σκούλιαρη, Скулјари) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Велвендо на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 37 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа високо во северозападните пазуви на Пиериските Планини, на 5 км североисточно од гратчето Велвендо и 2 км источно од реката Бистрица, на надморска височина од 1.000 м.
Историја
Во Отоманското Царство Неговото население уште од порано има грчко потекло. Според османлиски дефтер од 1528 г. во Скулјари имало 5 домаќинства со 22 жители.
Во XIX век Скулајри било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Склјари е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 85 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Скулјари (Σκούλιαρη) живееле 600 Грци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 675 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 585 лица. Во 1961 година, името на селото било променето во Агија Киријаки (Αγία Κυριακή) или Света Недела, по името на старата селска црква. +Места во заедницата Скулјари преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписЛавиштаΛάφισταЛафоремаΛαφόρεμαрека на југ од СкулјариКуру Лакос (Сува Јама)Κουροϋ(μ) ΛάκκοςКсиролакосΞηρόλακκοςГорицаΓκόρτσαАхладиесΆχλαδιές
Стопанство Населението произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Население
Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 18 квадратни километри. Општината Скулјари била приклучена во општината Велвендо во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Велвендо со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Велвендо, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Скулјари, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Недела“ — изградена во 1750 г. во клисурата на р. Лафишта
Наводи
Категорија:Велвендо