Даниел Ритер фон Жефарович познат повеќе како Даниел Жефарович (; Солун, 1736 — Виена, 3 мај 1806) — австриски политичар и композитор со македонско потекло, внук на македонскиот уметник Христофор Жефарович и син на Тереза Марија Жефарович. Значаен благородник во Виена покрај втората половина на XVIII век. Со 27 годишна политичка кариера во Австроунгарија неговите придонеси биле забележани од тогашниот крал Јосиф II од Хабсбуршка династија. После смртта на Христофор тој го наследи неговиот имот.

Животопис Роден во големиот град Солун, тогаш дел од Отоманското Царство. Син е на Тереза Марија Жефарович, сестра на Христофор Жефарович. Околу или пред 1760 година Тереза заедно со нејзиниот син се преселиле во Виена, тогаш дел од Австроунгарија. Мајка му се занимавала со композиции додека Даниел повеќе се насочил кон политиката. Семејството Жефарович стигнале во Виена преку Банат и Унгарија. Во 1758 година ги почнува неговите политички дејности кога станал дел од градскиот совет. За да ја постигне оваа функција морал да се откаже од неговата православна вероисповед и се прекрстил во католичка црква. Во советот тој брзо станал значаен член поради неговото знаење на Балканот.Родот Жефарович

После смртта на мајка му Даниел бил најверојатно присвоен од чичко му Христофор Жефарович. Во тестаментот на Христофор кога починал Даниел го наследил неговиот имот во Виена. За време на неговиот мандат во советот му било понудено да помогне во организирањето на трговската гранка на градот. Со помош од Џохан вон Фрајс тие станале значајни економисти во градот. Поради неговите успеси Жефарович бил назначен за секретар на австрискиот министер на економија. Во 1777 година бил прогласен за краен советник. Заедно со Фрајс отвориле независна трговска фирма каде што продавале производи преку реката Дунав и Црното море со Отоманското Царство и Русија.

Помогнал во преселувањето на 500 семејства со потекло од Егејска Македонија. Голем дел од нив биле Грци но имало значаен број и на Македонци. Голем дел од тие семејства подоцна станале дел од буржоазијата. Во 1782 година поради неговите соодветни придонеси во развитокот на државата кралот Јосиф II од Хабсбуршка династија го прогласил Даниел како дел од благородништвото со свој семеен грб и знаме. Имал многу деца и многу од нив станале значајни фигури во Австрија и Германија. Еден од нив, Виктор Жефарович, подоцна станал германски хемичар.

Поврзано

Христофор Жефарович

Наводи

Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Родени во 1736 година Категорија:Починати во Виена Категорија:Починати во 1806 година Категорија:Македонски политичари Категорија:Австриски политичари Категорија:Македонски економисти Категорија:Австриски економисти Категорија:Македонски католици Категорија:Македонски трговци Категорија:Германски економисти Категорија:Германски политичари Категорија:Македонски музичари Категорија:Германски музичари Категорија:Австриски музичари