Мара Исаева ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во заднината на НОД од 1943 година. Нејзиниот дом служел за јавка при испраќањето во единиците на НОВ и ПОМ. Исто така се одржувале и состаноци на Месниот Комитет на КПМ и СКОЈ, а престојувале и поголем број илегалци. Била под сомневање на полицијата, затоа честопати биле вршени претреси. Во октомври 1944 година при една блокада во градот, во извршениот претрес била откриена земуницата во нејзиниот дом, а Мара била убиена на прагот од својата куќа.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ