Тајм (стилизирано со големи букви како TIME) е американско списание со седиште во Њујорк. Списанието било објавувао неделно речиси еден век. Почнувајќи од март 2020 година, префрлено е на објавување секоја втора недела. Првпат било издадено во Њујорк на 3 март 1923 година, а многу години го водел неговиот влијателен коосновач, Хенри Лус.

Европското издание (Тајм Јуроп, порано познато како Тајм Атлантик) се издава во Лондон, а ги опфаќа и Блискиот Исток, Африка а од 2003 година и Јужна Америка. Азиското издание (Тајм Азија) е со седиште во Хонгконг. Јужнопацифичкото издание, кое ги опфаќа Австралија, Нов Зеланд и Тихоокеанските Острови, е со седиште во Сиднеј.

Од 2018 година, Тајм е во сопственост на основачот на Сејлсфорс, Марк Бениоф, кој го купи од Мередит Корпорејшн.

Наводи

Надворешни врски

Трезор на списанието „Тајм“ – архива на списанија и насловни страници од 1923 година до денес Архивирано статии од Витакер Чемберс 1939–1948 – Време за случајот Хис, 1948–1953 Архивирани списанија „Тајм“ на интернет-архива Временска линија : 4535 насловни страници на списанието „Тајм“, 1923–2009 година, од Лев Манович и Џереми Даглас. Проект на Лабораторијата за културна аналитика од 2009 година.

Категорија:Списанија на англиски јазик