Благој или Благоја Џајков (Велес, 1911 — ?) — македонски просветител, службеник и активист. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од социјалистичкиот режим поради неговата поддршка на обединета независна македонска држава. Во 1946 г. бил еден од уапсаните личности за време на судските процеси против велешките гимназијалци.

Животопис Роден во 1911 година во Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од револуционерното семејство Џајкови, изданок на семејството Поп Јорданови. Живеел блиску до Бане Андреев и Страхил Гигов. Куќата на Благој Џајков била изградена покрај средината на XIX век со висок таван на денешната улица „Вера Циривири“, куќата е одличен примерок за преродбеничка архитектура. Се образувал во велешката гимназија, откако завршил се вработил во училиштето како службеник. Џајков бил верник кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Самиот поим ванчомихајловист бил употребуван како синоним на фашист или бугараш.

Џајков се приклучил во Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Со негов поттик се приклучиле и Крум Чушков и Саздо Трајковски. Во 1946 година, за време на југословенскиот терор врз велешаните, организацијата била откриена и брзо укината. Поради неговата водачка улога за време на судските процеси против гимназијалците Џајков добил седум години во затвор. Отпрвин ја служел неговата казна во скопскиот градски затвор но во 1947 година бил интерниран во Идризово. Во 1953 година бил ослободен. Не е позната неговата судбина после тоа.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Македонски просветители Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим