„Војник два метра в земја“ — поетска збирка на македонскиот поет Славко Јаневски, објавена во 1969 година од издавачката куќа „Мисла“. Книгата има 77 страници, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Уредник бил Божин Павловски. Таа била испечатена како дел од библиофилско издание, со предговор на Миодраг Друговац Славко Јаневски, Војник два метра в земја. Мисла, Скопје, 1969

Содржина Збирката содржи четириесетина песни, меѓу кои насловната, но и песната „Цветови“, песна застапена од овој автор во сите поетски антологии. Славко Јаневски, според Миодраг Друговац „својот стих го гради врз ритмиката на народната песна и врз модерните искуства на поезијата, па од таа симбиоза остварува брза речиси несопирлива еруптивна вежба со внатрешни каскади на новопронајдените и незагубливите вистини за својот народ и за животот воопшто“. Војник два метра в земја, Славко Јаневски, Мисла, 1969,Скопје, Предговор: Славко Јаневски или пораки за вистината, Миодраг Друговац Во збирката се сместени и неколку песни од циклусот Анатомија од претходно објавената збирка „Каинавелија“.

Главните мотиви кои се провлекува низ целата поетска книга се смртта,татковината, војната, не нови тема во целокупното творештво на Јаневски. Грозоморните поетски слики на ископување на очи, мртвило, бродоломи и бездни се прикажани преку вешто скован модерен стих, кој звучи современо дури денеска.

Наводи

Категорија:Дела на Славко Јаневски Категорија:Книги од 1969 година Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Појавено во 1969 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1969 година