мини|351x351пкс|Ковач во Стара скопска чаршија Ковачки занает — традиционален занает кој се занимава со обработка на железо и други метали преку загревање, обликување и ковање, со цел создавање алатки, оружје, украсни предмети и секојдневни потребни изработки. Откако металот ќе се загреел и омекнел, ковачот со своите алатки му ја давал саканата форма на железото, создавајќи најразлични украсни предмети или работни алатки.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87/ Ковач

Ковачки и потковачки занает во Охридско-струшкиот регион Ковачкиот и потковачкиот занает во овој регион бил доста развиен, бидејќи и селското и градското население се занимавале со него. Ковачите биле помногубројни, бидејќи како земјоделци имале повеќе потреба од ковани алатки за обработка на земјата. Овие занаети се развиле и поради слабата механизација во земјоделското стопанство. Само во Охридскиот округ во 1920 година имало 1765 плугови и 2041 рало.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.90

Интересен бил податокот дека во Струга и околијата во 1937 година, имало 87 коњски коли, 584 воловски коли, 862 обични плугови, 1615 рала, 1496 коњи, 1302 магариња и друго. За одржување на предметите што се применувале во земјоделството и сточарството се грижеле многубројните ковачи во регионот, кои со децении наназад биле од ромска националност.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.90

Ковачки занает во Прилеп лево|мини|173x173пкс|Ковачки мев изложен во НУ Музеј на Македонија Ковачкиот занает бил еден од поразвиените во Прилеп. Во 60-те години на XX век во Прилеп имало триесет до четириесет ковачки дуќани. Материјалот, односно железото, ковачите го набавувале од Порече, а при работа користеле и старо железо кое го собирале и топеле. На почетокот во градот имало околу десетина ковачки дуќани, од кои три на Македонци и седум на Роми. Се сметало дека првите мајстори ковачи биле Македонци, а Ромите најнапред биле клинчари и плочари, подоцна станале и ковачи. Во овие ковачки работилници се изработувале најразлични елементи: резиња, српови, мотики, копачи, ралници, секири, тесли, сорови, шини за колца на дрвени коли и пајтони, железни огради за куќи и бавчи и друго. Во 1881 година бил изработен првиот железен плуг од страна на мајсторот Ицо Гавазоски, за што бил награден од Турските власти. Своите производи ги продавале во градот и околните села.Владимир Караџоски, ЕТНОЛОГ (4-5),31-43, Списание на Здружението на етнолози на Македонија, Музеј на Македонија,1994 год., Скопје, стр.35/36 мини|322x322пкс|Ковачка работилница во Стара скопска чаршија

Ковачка работилница Секој ковач имал своја работилница подалеку од својата куќа бидејќи во ковачницата често постојано горел оган за потребите на занаетот. Ковачницата била едноделна, со квадратен облик, соѕидана во димензии 4 на 4 метра, покриена со ќерамиди, без таван. Ковачниците на влезот најчесто се затворале со големи кепенци. На средина од работилницата најчесто било огништето, поткренато од подот, за полесна работа. Во огништето постојано имало оган на кој се загревало железото. Околу огништето имало ѕид кој бил висок околу 2 метра, па преминувал во оџак. На огништето имало и еден „рафт“ од лим, на кој ковачот го ковал железото. Поради работата, ковачите постојано биле облечени во кожни мантили и носеле волнени чорапи за заштита. Сезоната на ковачите била есен и пролет, а помалку во лето и зима. Но, имало земјоделци кои работале преку цела година и им требало поправки од ковачите, па се случувало ковачите да работат и надвор од сезона.ГЛАСНИК Етнографског музеја у Београду, XX књига, Београд, 1957, стр. 130/131 лево|мини|351x351пкс|Ковачки алатки - Клешти, наковална и чекан

Алатки на ковачкиот занает Од алатки, ковачите користеле: огниште — виѓан, корито со вода, прскало, повеќе видови клешти, наковална, чекани, кексија за сечење на железото, менгемиња, точила и други.Владимир Караџоски, ЕТНОЛОГ (4-5),31-43, Списание на Здружението на етнолози на Македонија, Музеј на Македонија,1994 год., Скопје, стр.36

Машинобраварство Машинобраварските работилници во двата града се појавиле во 30-те години на XX век, па затоа сите земјоделски алатки и машини ги изработувале ковачите. Во секое село имало по еден или двајца ковачи кои изработувале рала, секири, мотики, клинци, гребла, вериги, ножеви, маши, сачови, вили и друго. Но, со увезувањето на новите фабрички земјоделски алатки и предмети, за ковачите сè повеќе се намалувала работата и тие вршеле само поправка на фабричките производи.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.91

Поврзано

Ковач

Наводи

Категорија:Занаети