Богдан Хаџи Петрушев (Велес, 16 октомври 1929 — ?) — македонски активист. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од тогашниот социјалистички режим поради неговата поддршка за обединета независна македонска држава. Со разлика од други Хаџи Петрушев успешно избегнал од судските процеси против велешките гимназијалци во 1946 година.
Животопис Роден на 16 октомври 1929 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Богдан Хаџи Петрушев е во можно сродство со Саздо Хаџи Петрушев, македонски уметник и член во Бугарскиот централен акционен комитет. Се образувал во неговиот мајчин град. Не можел да продолжи со неговото гимназиско образование поради почетокот на Втората светска војна и народноослободителната борба. После војната се запишал во велешката гимназија каде што се запознал со служителот Благој Џајков. Џајков бил верник кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Самиот поим ванчомихајловист бил употребуван како синоним на фашист или бугараш.
Хаџи Петрушев се приклучил во Џајковата група подоцна, истовремено со Атанас Поп Ѓорчев, синот на Богдан Поп Ѓорчев. Со разлика од другите членови Хаџи Петрушев имал голем пристап до оружја, според еден југословенски извештај Петрушев имал три пиштоли и неколку ловечки пушки. Организирал заклетва со пиштоли во кои присуствувале Крум Чушков и Саздо Трајковски. Во 1946 година, за време на југословенскиот терор врз велешаните организацијата била откриена и укината. Покрај неговото учество Хаџи Петрушев успеал да ги избегне судските процеси против велешките гимназијалци. Во 1947 година продолжил со неговите дејности кога се приклучил во слична организација под раководство на Ацо Бочев заедно со Кирил Ќирков. Неговата судбина после тоа е непозната.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1929 година Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим