Успение на Пресвета Богородица () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Претставува катедрала на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е најпрвин изградена во 1857 г. како џамија, позната како Гази џамија. Изѕидана е со прецизно делкан камен, особено во источниот дел. Градбата претставува трикорабна базилика, посветена на Св. Никола и Св. Константин и Елена. Откако градот потпаднал под Грција во 1912 г. храмот е претворен во црква.
Во 1916 година, Атанасиос Папастилиадис подигнал импресивна камбанарија на митрополитската црква. Камбанаријата и часовникот се дар на Костурчанецот Трпо Д'мбенски. Таа е висока 19 м, изградена од камен со неокласични елементи на шест спратови во облик на кула.
Во храмот се чуваат вредни предмети од разрушени стари цркви. Царските икони се постари од храмот.
Во 1925 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Икони
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Споменици на културата во Костур Категорија:Православни катедрали во Егејска Македонија Категорија:Градби претворени во цркви Категорија:Појавено во 1857 година