Тодор Стојанов, роден Тодор Петков Стојанов (Велес, 10 јануари 1922 — ?) — македонски партизан и активист, учесник во Бунтот на Скопско кале во 1945 година. За време на судските процеси после настанот Стојанов бил помилуван и повторно рехабилитиран. Незадоволен со новата комунистичка власт се приклучил во националистичка група предводена од страна на Киро Мазнев. Повторно бил уапсан и осуден во 1947 година, неговата судбина е непозната.

Животопис Роден на 10 јануари 1922 година во градот Велес, тогаш дел од Кралството Југославија. Се образувал во неговиот мајчин град. Работел како млекар пред почетокот на Втората светска војна. Откако завршил со неговото основно образование се запишал во велешката гимназија. Таму бил дел од вториот клас. За време на Априлската војна Македонија подпаднала под Бугарска фашистичка окупација. Како дел од тогашниот воен рок во септември 1942 година, на 20 годишна возраст, Стојанов се приклучил во Бугарската војска. Служел во 3-та бугарска артилерска дивизија, која во тоа време била сместена во градот Пловдив.

Девет месеци подоцна, околу мај 1943 година Стојанов бил префрлен во Софија каде што водел незначајни воени единици. Незадоволен со условите и бугарскиот терор Стојанов избегнува од војската и се приклучува со македонските партизани. Најверојатно учествувал во битката на ослободувањето на Скопје. Се приклучил во XV македонски корпус. Стојано сметал дека ќе продолжиле кон Солун. Кога открил дека ќе се движеле кон Срем тој заедно со други партизани во Скопје организирале бунт на Скопско кале. Нивната буна брзо била задушена и Стојанов бил уапсан и осуден. На 1 февруари 1945 година бил казнет со 8 години тешка работа.

Во решение објавено на службениот државен весник на 14 март 1945. Стојанов бил помилуван и почнале нови судски процеси. За време на судските процеси меѓу 27-29 април истата година Стојанов повторно бил казнет со 8 години тешка работа. Пресудата била разрешена и нови судските процеси повторно почнале на 31 јули истата година. Неговата казна била намалена со 4 години тешка работа. Пресудата повторно била укина и нови судски процеси почнале меѓу 20-28 август. Во овој судски процес Стојанов бил целосно помилуван и рехабилитиран. Стојанов се вратил во неговиот мајчин град. Во Велес се запознал со новите националистички групи кои никнале низ градот. Овие групи биле верници на старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на Социјалистичка Македонија. Во полициските досија дејци на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Всушност синоним на фашист или бугараш.

Во 1947 година се приклучил во националистичката група формирана од Киро Мазнев. Стојанов исто така патувал низ делови од Источна Македонија каде што воспоставувал тајни врски меѓу членовите на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“. Во истата година за време на југословенскиот терор врз велешаните групата била откриена и укината. Голем дел од нејзините членови биле уапсани и интернирани во Идризово, Стојанов не бил исклучок. Неговата казна е непозната. Откако бил ослободен бил чуван под надзор, неговата судбина после тоа е непозната.

Наводи

Употребена литература

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим Категорија:Дејци на КПЈ