Свети Ѓорѓи Музевички () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Тома“. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Црквата била подигната во средината на XVII век. Според ктиторскиот натпис во олтарот под сцената „Видение на Петар Александриски“, таа некогаш била католикон на истоимен манастир. Во храмот работело тајно училиште. Натписот гласи: Градбата претставува мала еднокорабна базилика со дрвен покрив и егзонартекс, сместен перпендикуларно на наосот. Градежот е примитивен.

На северниот и источниот ѕид има вреден живопис од XVI век (1550–1560). Живописот во припратата е од XVII век, поточно од 1657–1663 година, дело на мајстори од Костурската школа, кој е зачуван во лоша состојба.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Дела на Костурската школа Категорија:Појавено во 17 век