мини|Баржа платформа за сув товар со пловило туркач. Баржа или шлеп — типично пловило со рамно дно што нема сопствен механички погонски систем.Illustrated Glossary for Transport Statistics 4th Edition, Eurostat - ITF - UNECE, 2010, ISBN 9789282102947 Првично се користеле на внатрешни водни патишта, додека денес се користат и во внатрешни и во морски води. Првите современи баржи биле влечени од реморкери, но на внатрешните водни патишта, повеќето се туркаат од туркачи или други пловила. Поимот „баржа“ има богата историја, па затоа постојат многу видови баржи.

Особености Баржите за сув товар имаат носивост од 100 до 4.000 тона, додека насипните баржи — до 11.000 тона. Баржите се користат главно на внатрешни водни патишта (реки, езера, вештачки езера), а поретко во морски услови (внатрешни или крајбрежни мориња, протоци).

На внатрешните водни патишта, од баржи се создаваат „возови“ што содржат од една до неколку баржи. Несамостојна баржа може да се движи во пар со пловило туркач. Крмниот дел на таквата баржа има засек за влегување на носниот дел од пловилото туркач. Двата пловила за вакво заемодејство се опремени со хидрауличен уред за спојување. Баржата и пловилото туркач се опремени и со уред за влечење за да се овозможи движење на баржата со влечење.

Наводи

Надворешни врски

Barge Lehigh Valley 79 at the Waterfront Museum, Brooklyn, Њујорк, САД Britain's Official guide to canals, rivers and lakes

DBA The Barge Association The American Waterways Operators

Категорија:Возила Категорија:Товарни бродови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__