мини|281x281пкс|Шпанска флотила во судир со Кралската воена морнарица во дејствието на 5 октомври 1804 г. Флотила (буквално: „мала флота“) — формација, оперативно здружување или оперативно-тактичка единица во Воената морнарица (поморските сили) на одредени држави.Флотилия // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски) Во македонските речници поимот може да значи и „мал одред од бродови со специјална задача“ и „мала група авиони“.
Видови Се разликуваат:
морски флотили речни флотили езерски флотили
Втора светска војна За време на Втората светска војна, морските флотили биле како самостојни формации (на пример, Касписката воена флотила), така и дел од поголеми флоти (на пример, Беломорската воена флотила).
Тие се состоеле од неколку соединувања и единици на едни и исти или различни површински бродови (бригада за деминирање, дивизија на разурнувачи и патролни бродови, дивизија на торпедни чамци, дивизија на миночистачи), подморници, авијација, единици на морнаричката пешадија и крајбрежна артилерија, како и разни служби што го обезбедувале нивното дејство.
Флотите биле наменети за извршување задачи на еден од оперативните правци, како самостојно, така и во заемодејство со формации на Воената морнарица и други видови Вооружените сили.
Речните и езерските флотили ги помагале Копнените сили при водењето борбени дејствија во речните басени и езерските области, уништување на непријателски бродови, обезбедување воени превози и извршување други задачи.
Во составот на речните и езерските флотили влегувале соединувања на речни бродови од различни класи, единици на авијација, артилерија и морнаричка пешадија, како и служби за обезбедување и одржување.
Наводи
Надворешни врски
Flotilla
Категорија:Поморски поими Категорија:Воена морнарица Категорија:Воена наука