Јован Весов или Иван Весов, роден Јован Андреев Весов (Велес, 1843 — Велес, 16 ноември 1922) — македонски општественик, трговец и политичар. Видеч член на Велешката црковна општина.
Животопис Јован Весов е роден во 1843 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од значајното велешко трговско семејство Весови. Заедно со неговиот брат Саздо Весов учествувале во борбата против Цариградската патријаршија. Учествувале во прогонството на грчката владика Антим Гедзис. Организирал средба со митрополитот Доротеј Скопско во Велес. Во април 1873 година бил дел од делегацијата во Солун кои го одбрале Дамаскин Велешки од Панаѓуриште за митрополит на Велес. Успеал да го отстрани гркоманското влијание во црквата „Св. Спас“. Дел од епархискиот совет на Дамаскин меѓу 1873 и 1878 година.
Јордан Весов е еден од основачите на читалиштето „Просвештение“ на 1 септември 1871 година. Меѓу 1869 и 1871 година бил назначен за благајник на еден од велешките училишта. Весов бил одбран за благајник на читалиштето после нејзиното формирање.
На 3 јуни 1878 година заедно со Константин Шулев и Тодор Поп Митов отидле во Пловдив со намера да ги прикажат неповолните услови на велешаните во Македонија кај егзархот Јосиф I и кнез Корсаков. Учествувале во дејства против странската пропаганда во Велешко и Азот.
После потпишувањето на Берлинскиот договор Јован Весов се вратил во Велес и станува член на Велешката црковна општина. На 12 мај 1885 година се формирало нов епархиски совет со Георги Трајков како претседател, Весов бил приклучен како член заедно со братучед му Илија Весов, Андреја Коробаров, Димитар Бојаџиев и Димитар Мирчев. Во Велигден 1900 година Алексо Мартулков заедно со Никола Русински го ограбиле.
Поради кражбата во истата година Весов избегнал во Солун. Во 1905 или 1906 година е избран за член на Солунската црковна општина.
Во јуни 1911 година Јован Весов подржал иницијатива за создавање легална политичка партија за Македонците во Отоманското Царство. Проектот пропаднал поради почетокот на Балканските војни.Симеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 84.
После Втората балканска војна во 1913 година, бил интерниран од новиот грчки режим во Трикери.
Женет е за Пандора, татко е на архитект Владимир Весов, Константин, Петар, Павлина, Викторија и Зорка. Роднина е на Љубомир Весов. Се вратил во неговиот мајчин град каде што починал на 16 ноември 1922 година.
Наводи
Категорија:Политичари од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1843 година Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски трговци