мини|Куќата на Робевци во Охрид
Робевци или Робеви (дијалектно: Робе) — истакнато македонско трговско семејство од градот Охрид, учесници во економскиот, духовниот и политичкиот живот во последните два века од отоманско владеење.
Историја лево|мини|Анастас и неговата сопруга Фотијана, средина на XIX век Името на Робевци за првпат се споменува во 1379 г. на една надгробна плоча пишувана со црковно словенско писмо во дворното место на црквата „Пресвета Богородица Перивлептос“ (Св. Климент). Според Михаил Огњанов, тие се потомци на средновековниот род Гропа (или Ропа). Родоначалник на семејството бил Робе, кој починал во 1756 г. Неговиот потомок Стефан Робев (1750–1814) основал трговска фирма во 1792 г.
По смртта на Стефан, неговите синови Ангел (1785–1861) и Анастас (Атанас) (1789–1869) ја прошириле фирмата, при што отвориле филијала во Битола во 1850-тите години. Фирмата главно се занимавала со производство и продажба на кожи и крзна. Битолската филијала постепено станала главна. Во 1855 г. браќата отвориле нова филијала во Виена, позната како „Браќа Робеви и синови“.
Фирмата продолжила да се проширува со синовите на Ангел – Константин (1818–1900), Наум (1833–1863), Евтим (1835–1863), Стефан (1842–1880), и на Анастас – Јоаким (1820–1878), Димитар (1822–1890), Никола (1831–1906). Константин Робев бил лекар во Охрид и Битола, Димитар Робев бил трговец, општественик и поборник за македонска афтокефална црква и независна македонска држава, како и пратеник во првото Отоманското собрание во 1876 година. Никола Робев исто така бил трговец и општественик. На 20 август 1840 г. браќата Анастас и Ангел, со аконтација од 30.000 гроша подигнале основно училиште во дворот на грчката митрополија. мини|Писмо од Хаџи Ристо во Сараево до браќата Робевци во Битола Градењето на првобитната куќа на Робевци било завршено на 15 април 1827 г. на местото на постара куќа на Јаким Пендо, во маалото Геракомија, за што сведочи натпис со грчко писмо на една мермерна плоча која се наоѓа вградена во магазата (магацинот) на дворното место. Семејството живеело 35 години во куќата, поточно до јануари 1861 година, кога Устреф-бег ја запалил до темел. Две години подоцна, во 1863–1864 година била изградена денешната куќа. Во левата половина живеел Константин Робев, а во десната Атанас Робев. Како главен градител бил ангажиран Тодор Петков (1814–1899) од с. Гари. мини|Сметководствена книга на „Браќа Робеви и Кецкарови“ (Herren Rombi & Keskari), 1880 г. Во 1863 г. фирмата била преименувана во „Анастас Робев и синови“, а во 1869 г. во „Синови Анастас Робеви“. Веќе по средината на XIX век Робевци имале широко разгранета мрежа на трговски фирми и филијали во Охрид, Битола, Виена, Белград, Трст, Задар, Сараево, Свиштов и Цариград, а тргувале со Лајпциг, Одеса и други трговски центри низ цела Европа. Тие биле и акционери во многу европски банки. Кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на XIX век, во партнерство со Димитар Биолчев откупиле даноци во Прилепската Каза.
Фирмата почнала да опаѓа по 1878 година, поради што во 1881 г. филијалата во Виена била затворена, а по 1890 г. седиштето во Битолa почнало да се занимава претежно со внатрешна трговија.
Последните потомци од родот Робевци веројатно се иселиле од Охрид во периодот меѓу Балканските војни и Првата светска војна. Денес, потомци од Робевци има во Скопје, Битола, Белград и Лерин (каде се познати како Роби). Иселеници има и во Бугарија (Софија), но и во Холандија.
Родословие
Поврзано
Куќа на Робевци
Наводи
Категорија:Робевци