Свети Димитриј Варлаамски () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Пантелејмон Варлаамски“.

Црквата била подигната во 1882 г., што е означено на мермерна плоча однадвор над влезот. Градбата претставува трикорабна базилика со убав дрвен иконостас, на кој има икони од август 1889 г.

Наводи

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија Категорија:Појавено во 1882 година