мини|267x267пкс|Абажури Абажур (, буквално: „пригушувач на светлина“) — составен дел на ламба (штит), кој се користи во дизајнот на ентериери и уметничкото уредување на простории.
Абажурот е наменет за заштита на очите од заслепувачкото дејство на изворот на светлина и за создавање на потребното осветлување преку негово одбивање, впивање и/или расејување. Исто така, абажурот често се користи како елемент на уметничкото уредување на ламбата, собата, просторијата, предворјето, верандата итн.
Историја Абажурот за првпат се појавил во Франција пред повеќе од двесте години и оттогаш го освоил целиот свет, цврсто етаблирајќи се во домовите на многу луѓе. Уште од древни времиња, за да ги заштитат очите од светлината на факелите, свеќите, а подоцна и на керозинските ламби, луѓето измислувале посебни метални прегради.
Постепено, дизајнерите и декоратерите почнале да посветуваат посебно внимание на овој украсен елемент. Абажурите почнале да се изработуваат во различни облици и нијанси, од разни видови ткаенини, украсени со реси, набори и мониста. Сега абажурот станал не само неопходен и функционален дел од ентериерот, туку е способен да пружи и естетско задоволство.
На крајот на XIX век настапува епохата на модерната. Таа се одликува со свртување кон природните мотиви, растителните орнаменти и брановидните шари. Сето тоа се одразило и во дизајнот на ентериерот. Абажурите почнале да се сликаат со цвеќиња, лисја, пеперутки и птици. Самата основа — држачот на абажурите исто така почнала да се менува. Им се давале најразновидни облици.
На почетокот, абажурите се изработувале само од ткаенина, но благодарение на талентираните дизајнери Луис Тифани (САД) и Антонин Дома (Франција), денес имаме можност да се восхитуваме на абажури од стакло и кристал. Тифани го направил својот прв абажур во стил на витраж, од остатоци од обоено стакло. Му се допаднало како парчињата стакло се прелеваат со сите бои на виножитото. Така се родил нов правец. Антонин Дома, пак, се осмелил да направи абажури од кристал, кој дотогаш се користел само за лустери. Благодарение на новата техника на изработка на кристал, абажурите добиле природни облици со многу живи отсенки.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Дизајн Категорија:Мебел