Лучано Тадео Дардери (роден на 14 февруари 2002 година, во Виља Хесел) е италијански професионален тенисер, роден во Аргентина.
Неговиот најдобар пласман на АТП ранг-листата во поединечна конкуренција е 32-рото место, постигнато на 5 август 2024 година, додека во двојки највисоко бил рангиран на 104-то место, на 8 август 2022 година. Досега во својата професионална кариера, Дардери има освоено четири АТП титули.
Биографија Лучано Дардери е роден во Вила Хесел, Аргентина, и е син на поранешниот тенисер Џино. Тој има двојно аргентинско и италијанско државјанство благодарение на неговиот дедо, италијанец, по потекло од Фано, кој емигрирал во Аргентина на 22-годишна возраст. Тој првпат зел рекет во рака на две години, а првите часови ги имал на возраст од пет години. На 10 години се преселил со семејството во Италија и, со поддршка на ФИТ, започнал да тренира во Арецо и Рим. Неговиот брат Вито Антонио, роден во 2008 година, исто така игра тенис и бил шампион на Италија под 12 години.
Кариера 2021: Прво финале на АТП Челенџер во поединечна конкуренција Дардери ја освоил својата прва титула на АТП Челенџер турнир, играјќи во двојки заедно со Хуан Баутиста Торес на АТП Челенџерот Буенос Аирес 2021. Истата година, тој стигнал и до своето прво финале во поединечна конкуренција на АТП Челенџерот Саун Пауло 2021, и тоа како квалификант.
2023: Деби на АТП турнирите, првите Челенџер титули, топ 125 Дардери го имал своето деби на АТП турнирот во Кордоба, како квалификант, каде што ја забележал својата прва АТП победа, совладувајќи го Иго Гастон во првото коло на турнирот. Тој влегол во главниот жреб и на АТП Акапулко како среќен губитник по повлекувањето на првиот носител Карлос Алкарас. Во август, тој ја освоил својата прва Челенџер титула во Тоди, а потоа ја освоил својата втора титула на АТП Челенџерот Лима II. Со добрите резултати, тој стигнал до бр. 125 на АТП ранг-листата на 13 ноември 2023 година.
2024: Прва АТП титула, најдобар пласман во кариерата (бр. 32) Рангиран на 136-тото место, Дардери се квалификувал за главниот жреб за АТП Кордоба 2024, каде ја освоил својата прва АТП титула во кариерата. Откако го победил Томас Бариос Вера во првото, и го изненадил четвртиот носител, Себастијан Офнер, во второто коло, Дардери бил подобар и од седмиот носител Јаник Ханфман со што се пласирал во полуфиналето. Потоа, тој го победил бранителот на титулата и втор носител на турнирот Себастијан Баес, што била негова прва победа над тенисер помеѓу првите 30, за да стигне до своето прво АТП финале во кариерата каде што се соочил со друг квалификант Факундо Багнис, кого Дардери го победил во два сета (6-1, 6-4) и ја освоил титулата. Тоа било само трет пат од започнувањето на АТП турнејата во 1990 година, два квалификанти да се сретнат во финалето на АТП турнир, по Сиднеј во 2015 година и Кицбил во 2018 година. Како резултат на тоа, тој се искачил за 60 позиции и стигна до првите 80 на ранг-листата на 12 февруари 2024 година. Тој влегол во главниот жреб на следниот турнир, АТП Буенос Аирес со статус на специјално ослободување, стигајќи до второто коло.
АТП финалиња во кариерата Поединечно: 3 (3 титули) ЛегендаГренд слем турнири (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП серија 500 (0–0)АТП серија 250 (4–0)Финалиња по подлогаТврда (0–0)Земја (4–0)Трева (0–0)
РезултатП/И ТурнирГодинаСеријаПодлогаПротивникРезултатпобеда1–0АТП Кордоба, Аргентина2024250земја Факундо Багнис6–1, 6–4победа2–0АТП Маракеш, Мароко2025250земја Талон Грикспор7–6(7–3), 7–6(7–4)победа3–0АТП Бостад, Шведска2025250земја Јеспер де Јонг6–4, 3–6, 6–3победа4–0АТП Умаг, Хрватска2025250земја Карлос Табернер6–3, 6–3
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански тенисери