мини|Дисграфијата може да биде тешка за дијагностицирање бидејќи ракописот на почетокот е јасен, а полека деградира. Дисграфијата — невролошко нарушување и попреченост во учењето кое се однесува на нарушувања во пишаниот израз, што влијае на способноста за пишување, и тоа првенствено на ракописот, но и на кохерентноста. Станува збор за специфична попреченост во учењето (СПУ), како и попреченост во транскрипцијата, што значи дека е нарушување на пишувањето поврзано со нарушено ракописно пишување, ортографско кодирање и секвенционирање на прстите (движењето на мускулите потребни за пишување). Често се преклопува со други потешкотии во учењето и невроразвојни нарушувања како што се оштетување на говорот, нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД) или нарушување на развојната координација (ДКД).

Во Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (DSM-5), дисграфијата е карактеризирана како невроразвојно нарушување во рамките на категоријата специфично нарушување во учењето. Дисграфијата е појава каде што вештините за пишување се под очекуваните или просечните со оглед на возраста на лицето, а се мери земајќи на предвид интелигенцијата и образованието соодветно на возраста. DSM не е јасен дали под пишување се подразбираат само моторните вештини вклучени во пишувањето или вклучува и правописни вештини.Nicolson RI, Fawcett AJ (January 2011).

Дисграфијата се разликува од аграфијата (понекогаш наречена стекната дисграфија), што е стекната загуба на способноста за пишување како резултат на повреда на мозокот, прогресивна болест или мозочен удар.

Етимологија Зборот дисграфија потекнува од грчките зборови dys што значи „оштетен“ и γραφία што значи „пишување со рака“.Berninger VW, Wolf BJ (2009).

Развој Во чинот на пишување постојат најмалку две фази: лингвистичката фаза и моторно-експресивно- праксичната фаза. Лингвистичката фаза вклучува кодирање на аудитивни и визуелни информации во симболи за букви и пишани зборови. Ова е посредувано преку аголниот гирус, кој ги обезбедува лингвистичките правила што го водат пишувањето. Моторната фаза е фазата при која се артикулираат движењата на прстите за пишување зборови или графеми. Оваа фаза е посредувана од Екснерската област во фронталниот лобус.

Состојбата може да предизвика поединци да имаат потешкотии при примање на повратни информации и при контролата врз ритамот и времето во текот на целиот процес на пишување.

Наводи

За понатамошно читање

Надворешни врски

NINDS страница со информации за дисграфија Категорија:Болести на нервниот систем Категорија:Статии со извори на унгарски (hu)