Манол (Ноле) Кирјаков Алаинов (Алајнов) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Алаинов е роден во 1868 г.На 1 април 1943 година бил 75 години. во селото Блаца, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Во 1902 г. бил на печалба во Цариград, каде дознавајќи дека ќе се крене востание, се вратил во родното село и стапил во чета на ВМОРО. За време на Илинденското востание бил во четите на Иван Попов, Васил Чакаларов и Манол Розов. Учествувал во борбите по преземањето на Клисура и преземањето на Невеска, во битката кај с. Вишени, битката кај Билишта и таа на врвот Кајнак. По задушувањето на востанието, станал легален деец. Во 1906 г. повторно го напуштил родното место и заминал во Цариград, од каде по Балканските војни се преселил во Пловдив, Бугарија.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Пловдив