мини|Исус и Јован Крстител (15 век). Парабола за двата сина — една од познатите Исусови параболи, запишана во новозаветното Евангелие според Матеј (21:28–32).

Параболата раскажува за два сина, од кои едниот му е непослушен на татко му на зборови, но послушен на дела, додека другиот е послушен на зборови, но непослушен на дела.

Во оваа парабола, Исус зборува за „верниците“ кои не го прифаќаат повикот на Јован Крстител за покајание, за разлика од даночниците и проститутките кои го прифаќаат.

Парабола

Толкувања Во оваа алегориска парабола, Исус зборува за оние „верници“ кои мислеле дека се без грев и не ја прифатиле пораката за покајание на Јован Крстител. „Неверниците“, даночниците и проститутките, го прифатиле повикот и се покајале. Поуката од приказната е дека самоправедните религиозни луѓе се покажале полоши од грешниците.Craig S. Keener, A Commentary on the Gospel of Matthew, Eerdmans.

Исус на друго место во Евангелието според Матеј вели: „Не секој што ми вели: „Господи, Господи“, ќе влезе во царството небесно, туку само оној што ја исполнува волјата на мојот Отец, кој е на небесата.“

Параболота за фарисејот и цариникот има слична тема.

Наводи

Категорија:Исусови параболи Категорија:Евангелие според Матеј