мини|Отворен товарен вагон од типот Ел (El), сличен на UIC-конструктивниот тип 1, како вагон за згура на вагон-носач. Отворен товарен вагон — железнички товарен вагон што е затворен од сите страни, но нема покрив, а во зависност од конструкцијата може да има странични врати. Отворените товарни вагони претставуваат голема група товарни вагони наменети за пренос на стоки што не се осетливи на временски услови, најчесто како парчиња товар или насипен товар.

Унифицирани товарни вагони на Меѓународниот железнички сојуз (UIC) Во 1950-тите години, Меѓународниот железнички сојуз (UIC) развил стандардизирани отворени товарни вагони. Изработените нацрти биле расправани на редовни состаноци до нивното одобрување. Овој развој довел до унификација на главните размери на идните унифицирани отворени товарни вагони. Резултатите биле запишани во последователните UIC-упатства, кои членките на UIC можеле да ги применуваат задолжително или доброволно.

Насоките за изградба на отворени товарни вагони можат да се најдат во следните упатства:

UIC 571-1 — Унифицирани товарни вагони — Товарни вагони од стандарден тип со две оски UIC 571-2 — Унифицирани товарни вагони — Товарни вагони со талиги од стандарден тип UIC 571-3 — Унифицирани товарни вагони — Товарни вагони од посебен тип

Од крајот на 1977 г., товарните вагони (платформи) што делумно ги исполнуваат овие упатства се означуваат со натпис „UIC“. Оние пак што целосно одговараат на упатствата и се соодветно UIC-стандардни вагони, го добиваат натписот „UIS St“.

Наводи

Надворешни врски

Class Ua side-tippers in the Czech archives at parostroj.net DB goods wagon catalogue Flexiwaggon

Категорија:Железнички сообраќај __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__