Долна Битиња () — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 491 жител.All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е претежно српско.
Население
Родови Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:
Српски родови: Староседелци: Лазароќи (5 к.); Крстиќи (2 к.); Јаниќови (2 к.). Доселеници: Бошковиќи (2 к.) доселени се од Вича, подалечно потекло непознато; Стојкови (2 к.), гранка на родот Костинци од Врбештица. И нивното подалечно потекло не е познато. Симоновци (1 к.) доселени се од Гусиње во Црна Гора во средината на XVIII век во Горна Битиња, а оттаму околу 1820 г. еден нивен предок дошол тука како домазет. Ивановиќи или Влајиниќи (15 к.), за нив се мисли дека потекнуваат од предок Влав од Романија, кој се доселил и се оженил во селото. Албански родови: Доселеници: Матош (11 к.) потекнуваат од фисот Сопа во северна Албанија. Прво се населиле во Скопско, а подоцна се иселиле во Елез Хан кај Качаник. Подоцна се преселиле во селото Коштањево на почетокот на XIX век, а овде се населиле околу 1830 г.
Поврзано Штрпце Урошевачки Округ Косовски Срби
Наводи
Категорија:Штрпце Категорија:Населени места во Косово Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Сириниќка Жупа