Домашно говедо или едноставно говедо — одгледувани потомци на дивото говедо (Bos taurus). Одгледувањето започнало најпрво поради месото, а подоцна и поради млекото и нивната сила која се користела за влеча.

Денешното домашно говедо првобитно дошло од Анадолија и од Блискиот Исток. Одледувањето на домашното говедо започнало уште во IX век п.н.е. Како доказ за тоа се смета тоа што уште од 8300 година п.н.е. заедно со земјоделците пристигнало на Кипар, каде дотогаш немало говеда. Оттогаш луѓето одгледале голем број раси на домашни говеда, а понекогаш го вкрстувале Bos taurus со други видови говеда. Одгледувани се и други видови говеда, пред сè во Азија. Така од подвидот на дивото говедо зебу (Bos primigenius, понекогаш Bos taurus) потекнува домашното говедо од подвидот зебу (Bos primigenius indicus, понекогаш Bos taurus indicus), од говедото бантенг (Bos javanicus) потекнува домашното говедо на Бали (Bos javanicus f. domestica) итн.

Најголем број домашни говеда кои се одгледуваат поради месото има во Бразил, околу 200 милиони. Домашните говеда ги има во неколку раси, а притоа расите се резултат на целта за која би се користело животното. Покрај месото, млекото и кожата, изметот од домашните говеда е многу ценето природно ѓубриво во земјоделството, а се користи и за добивање биогас. Во многу делови од Светот домашното говедо, посебно воловите, се користат за влечење и имаат важна улога во орањето. При одгледувањето на домашни говеда се вршело вкрстување на расите за да се добијат животни со одредени одлики. Притоа, најчесто се имале две цели: да се добие поголемо количество млеко и да се добие подобар квалитет и поголемо количество месо.

Кон крајот на XV век Европејците го донеле домашното говедо во Америка, како и во Австралија и Нов Зеланд, каде многу брзо се развиле големи крда диви говеда.

Говедата се животни од групата преживари, што значи дека имаат систем за исхрана кој им овозможува да ја искористат несварената растителна храна од желудникот, при што ја враќаат во устата и ја џвакаат. Потоа таа храна ја голтаат и во желудникот дополнително се обработува од страна на микроби кои живеат во стомакот на говедото. Тие микроорганизми се одговорни за разградувањето на целулозата и другите јаглехидрати, а освен тоа синтетизираат аминокиселини.

Периодот на бременост кај кравите е 9 месеци. Новороденото теле тежи меѓу 35 и 45 кг, а говедата можат да живеат до 25 години.

Терминологија

Говедо е општото име за ова животно, но според полот и возраста има и посебни називи: теле — сосем младо говедо; крава — женско говедо на репродуктивна возраст; јуница — женско говедо на репродуктивна возраст, кое ќе се тели за првпат; стелна крава — оплодена крава која е гравидна (бремена); јалова крава — женско говедо кое ја изгубило својата репродуктивност. Се користи за месо. бик — машко говедо на репродуктивна возраст; вол — возрасно скопено машко говедо, се користи за работа, како влечна сила.

Говедата како тема во уметноста и во популарната култура Говедата како тема во книжевноста „Чудотворниот вол“ — унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 132-139. „Анабела“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 8-11. „Ветерот и кравите“ — кус расказ за деца на Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 28-30. „Присебност“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 110-111. „Излечената крава“ - расказ на американскиот писател Емброуз Бирс.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 51-57. „Кравата Шара“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 18-20. „Крава желна за слава“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 113. „Лавот и бикот“ — басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 36. „Јарецот, бикот и лавот“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71. „Лавот и бикот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 10. „Воловите и тркалата“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 15. „Длабоко рикање“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 66-67. „Јаблан“ — расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.„Биографски подаци о Кочићу“, во: Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 11-15. „Островот на биковите“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Мартиновски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 221. „Крави“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70. „На воловската кола“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 40-41. „Првото теле“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 45. „Кравата со дрвена нога (српски: Krava s drvenom nogom)“ — расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.

Говедата како мотив во сликарството мини|Мозаик во црквата „Големиот свети Мартин“ во Келн, Германија „Кравите се враќаат“ (хрватски: Krave se vraćaju) — слика на хрватскиот уметник Славко Столник од 1957 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.

Говедата како мотив во популарната музика „Моите крави молзници“ (словенечки: Moje krave molznice) — албум на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1991 година. „Кравата на госпоѓата О'Лири (Пожар)“ (англиски: Mrs. O'lLeary's Cow (Fire)) — песна на американската рок-група Бич Бојс (Beach Boys) од 1967 година.YouTube, SMiLE (Stereo) (1967 Mix) (пристапено на 25.8.2017) На обвивката на музичкиот албум „Мајка со атомско срце“ (англиски: Atom Heart Mother) на британската рок-група Пинк флојд од 1970 година се претставени фотографија на крава (на предната страна) и на група крави (на задната страна).Discogs, Pink Floyd – Atom Heart Mother (пристапено на 2.3.2021) „Додека кравите не се вратат дома“ (англиски: Til The Cows Come Home) — песна на англиската поп-група Prefab Sprout од 1989 година.Discogs, Prefab Sprout – Protest Songs (пристапено на 19 февруари 2021) „Бик во вресот“ (англиски: Bull In The Heather) — песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1994 година.DISCOGS, Sonic Youth ‎– Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019) „Црна крава“ (англиски: Black Cow) — песна на американската поп-рок група Steely Dan од 1977 година.DISCOGS, Steely Dan – Aja (пристапено на 16.4.2021)

Говедата како мотив во филмот „Бик“ (италијански: Il toro) – филм на режисерот Карло Мацакурати (Carlo Mazzacurati) од 1994 година.Bik, talijanski film (пристапено на 4.6.2022)

Наводи

Фото

Категорија:Домашни животни Категорија:Добиток Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј