Жиголо () — првично бил ангажиран партнер за танцување, но денес почесто се користи за маж што нуди услуги на машка проституција.

Првично, во Франција (од 1850 г.) со истиот збор се опишувал љубовникот на жена со лесен морал (gigolette). Често, но не секогаш, тој за пари ги задоволува сексуалните потреби на богати жени. Како по правило, тој станува љубовник на богата жена за пари и ѝ ја разубавува осаменоста, продавајќи не само секс, туку и платонски врски. Во денешно време, жиголата се користат и како придружба за многу богати дами.

Од жиголото се очекува да обезбеди друштво, да служи како постојана придружба со добро однесување и социјални вештини, а честопати и како партнер за танцување, по потреба на жената, во замена за нејзината поддршка. Можат да му бидат подарени многу дарови, како што се скапа облека и кола за возење. Врската може да вклучува и сексуални услуги, а тој може да биде наречен и „издржуван маж“., Word Reference, посетено 14 февруари 2013.

Опис Поимот жиголо вообичаено се однесува на маж што прифаќа животен стил составен од такви врски, наместо да врши друга работа. Од жиголото се очекува да обезбеди друштво, да служи како одговорен придружник со добри манири и социјални вештини, во согласност со потребите на жената, во замена за финансиска поддршка. Тој може да добие многу дарови, како скапа облека и автомобил, неопходни за неговата работа. Врската може да вклучува и сексуални услуги и може да се нарече „издржуван маж“. Еден од облиците е такси-танчар, кој во места за забава и ноќни клубови, за однапред договорена цена, танцува со гостинките.

Наводи

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Секс-индустрија Категорија:Интимни односи Категорија:Танчери