мини|Иловичеста почва Иловица — вид почва што се состои од песок, тиња и глина. Иловицата содржи малку повеќе хранливи материи и хумус од песокливата почва, има малку подобра пропустливост на вода и воздух од тињестата почва и е посоодветна за одгледување од глинестата почва.
Видови иловица десно|мини|Песочна иловица Постојат различни видови иловичеста почва, различната содржина на песок, кал и глина во нив ги дава следните комбинации: песоклива иловица, глинеста иловица, песокливо-глинеста иловица, тињесто-глинеста иловица и чиста иловица. Песокливата иловица е нечиста глина со висока содржина на песок, како кластична компонента, додека чакалестата иловица е седиментна почва со многу груб детрит, од каде што го добила и своето име. Има похетероген состав од обичната иловица и глина, а по состав е поблиска до лесот.
Земјоделска употреба Иловичестата почва е мека и лесна за обработка и се смета за идеална за коренести култури и хортикултура бидејќи добро ги задржува хранливите материи и влагата, а воедно овозможува слободен проток на вода.
Градежна употреба Иловицата може да се користи при градба на куќи. Во традиционалната градба, сите народи во сите раздобја од историјата користеле иловица за обложување на ѕидовите на градбите, бидејќи е идеална за изолација и регулирање на природната содржина на влага во воздухот. Измешана со слама, може да се користи како суровина за градење ѕидови.
Поврзано Глина Педологија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Геологија Категорија:Почви Категорија:Педологија