Суперкуп на УЕФА 2025 било 50. јубилејно издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА. Во ова издание на натпреварот се сретнале екипите на , победник на Лигата на шампионите 2024-2025, и , победник на Лига Европа 2024-2025. Натпреварот се одиграл на стадионот Фриули во Удине, Италија, на 13 август 2025 година.
Париз Сен Жермен го добил натпреварот со 4–3 по изведување на пенали, откако по регуларното време натпреварот завршил со нерешен резултат 2–2; со тоа, францускиот клуб ја освоил неговата прва титула во Суперкупот на УЕФА и станал прв клуб од таа земја кој триумфирал во натпреварувањето. Тотенхем станал првиот клуб што водел со два гола разлика и неуспеал на крајот да го освои натпреварувањето од 1998 и воведувањето на новиот систем со играње на само еден натпревар на неутрален терен.
Екипи ЕкипаПласиран какоПретходни учества Победник на УЕФА Лига на шампиони 2024–20251 (1996) Победник на УЕФА Лига Европа 2024–2025Прво учество
Домаќин Стадионот Фриули во Удине, Италија, бил назначен за стадион домаќин од страна на Извршниот комитет на УЕФА за време на нивниот состанок во Лозана, Швајцарија, на 16 декември 2024 година.
Натпреварот Преглед на натпреварот Во 39-тата минута, Мики ван де Вен го довел Тотенхем во водство праќајќи ја топката во мрежата од блиску растојание, откако голманот Лука Шевалије ја одбил топката до пречката по ударот на Жоао Палиња. Со тој резултат се заминало на пауза.
На почетокот на вториот дел, резултатот брзо бил променет во 2–0 во 48-мата минута, кога Кристијан Ромеро постигнал гол со удар со глава од левата страна по нафрлената топка од слободен удар на Педро Поро, и покрај тоа што голманот Шевалије ги имал двете раце на топката не успеал да го одбие ударот и тој завршил во неговата мрежа. Тој резултат останал на семафорот се до 85-тата минута, кога на пет минути пред крајот, резервата Ли Канг Ин постигнал гол за Париз Сен Жермен со низок шут од околу 18 метри со што го погодил десниот агол од мрежата, за во четвртата минута од судиското продолжени, уште една замена, Гонсало Рамош, да го постигне израмнувачкиот гол со глава по центаршутот на Усман Дембеле од десната страна. Така натпреварот завршил 2-2 и се преминало директно на изведување на пенали: откако еден играч од ПСЖ и два од Тотенхем промашиле, Нуно Мендеш во петтата серија го постигнал одлучувачкиот пенал за првиот трофеј во натпреварувањето за Париз Сен Жермен.
Детали
GK 30 Лука ШевалијеRB 2 Ашраф ХакимиCB 5 Маркињос CB 51 Вилијан Пачо LB 25 Нуно МендешCM 33 Ворен Заир-Емри CM 17 ВитињаCM 14 Дезире Дуе RF 29 Бредли Баркола CF 10 Усман Дембеле LF 7 Хвича Кварацхелија Замени:GK 39 Матвеј СафоновGK 89 Ренато МаринDF 4 Лукас БералдоDF 21 Лукас ЕрнандесDF 43 Ноам КамараMF 8 Фабијан Руис MF 19 Ли Канг Ин FW 9 Гонсало Рамош FW 49 Ибрахима Мбаје Тренер: Луис Енрике GK 1 Гуљелмо ВикариоRB 23 Педро ПороCB 17 Кристијан Ромеро CB 4 Кевин Дансо LB 37 Мики ван де ВенCM 6 Жоао Палиња CM 30 Родриго БентанкурCM 29 Пап Матар Сар RF 20 Мохамед Кудус CF 9 Ришарлисон LF 24 Џед СпенсЗамени:GK 31 Антонин КинскиGK 40 Брендон ОстинDF 33 Бен ДејвисDF 67 Џунаи БајфилдDF 80 Лука ВушковиќMF 14 Арчи Греј MF 15 Лукас Бергвал FW 11 Матис Тел FW 19 Доминик Соланке FW 22 Бренан ЏонсонFW 28 Вилсон ОдоберТренер: Томас Франк
Играч на натпреварот: Усман Дембеле (Париз Сен Жермен)
Помошни судии: Бруно Жезус Лусијано Маија Четврти судија: Елчин Масијев Video assistant referee: Тијаго Мартинс Помошни VAR судии: Фабио Оливеира Мело Пол ван БекелПравила на натпреварот 90 минути Изведување пенали ако резултатот е нерешен Максимално 12 играчи на клупа Максимално пет замени Максимално три можности за менување
Екипа победник Победник на Суперкупот на УЕФА 2025
Париз Сен Жермен 1. титула
Наводи
Надворешни врски
2025