Доријан Бабунски (, ) — македонски професионален фудбалер кој игра како напаѓач за унгарскиот клуб ФК Њиреѓхаза Спартак.

Клупска кариера Роден во Скопје, Македонија, Дориан се приклучил на младинскиот тим на Реал Мадрид во 2011 година, откако настапувал за Граманет и УЕ Корнела. На 1 октомври 2015 година, потпишал слободен договор со Фуенлабрада, но бил ослободен во јуни 2016 година. Два месеци подоцна, потпишал тригодишен договор со Олимпија Љубљана.

Во февруари 2017 година, му бил даден на Радомље на позајмица.

На 17 јануари 2022 година, му се приклучил на ФК Дебрецин во Немзети Бајнокшаг I, највисоката лига на унгарскиот фудбал, со договор на две и пол години. Во својата прва сезона и пол, одиграл 48 натпревари и постигнал 18 гола.

На 28 август 2023 година, потпишал двегодишен договор со швајцарскиот рекордер по шампионски наслови Грасхопер Клуб Цирих, со можност за продолжување за уште една година. Им се придружил за неоткриена сума. На 7 јануари 2025 година, неговиот договор бил раскинат со заедничка согласност.

На 4 јули 2025 година, потпишал двегодишен договор со унгарскиот клуб ФК Њиреѓхаза Спартак. Сумата за која го потпишал договорот не е откриена.

Репрезентативна кариера Бабунски првпат бил повикан во сениорската репрезентација на Македонија за квалификациските натпревари за Светското првенство во ноември 2021 година, но не играл. На 2 јуни 2022 година, тој конечно дебитирал за Македонија, во натпревар од УЕФА Лигата на нации против Бугарија, влегувајќи во игра во 72-та минута од натпреварот. Во својот втор настап за репрезентацијата, тој асистирал за вториот и последен гол во победата од 0–2 на гости против Гибралтар.

Личен живот Таткото на Бабунски, Бобан, исто така бил фудбалер и играл во неколку земји, вклучувајќи ја и Шпанија. Неговиот брат, Давид, исто така е фудбалер. Двајцата играле заедно кратко во Дебрецен во 2022 година.

Статистика за кариера

+Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварувањеКлубСезоанЛигаНационален купДругоВкупноДивизијаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиФуенлабрада2015–16Сегунда Дивисион Б132——132Олимпија Љубљана2016–17Прва словенечка лига1000—10Радомље (позајмица)2016–17Прва словенечка лига50——50ФК Кагошима јунајтед(позајмица)2017Ј3 лига1000—10Мачида зелвија2018Ј2 лига24410—2542019Ј2 лига19000—1902020Ј2 лига12000—120Вкупно5541000564Ботев Враца2020–21Прва бугарска лига16320101932021–22Прва бугарска лига181000—1810Вкупно341320103713Дебрецин2021–22Немзети Бајнокшаг I164——1642022–23Немзети Бајнокшаг I301330—33132023–24Немзети Бајнокшаг I21—4061Вкупно481830405518Грасхопер2023–24Суперлига на Швајцарија30410—3142024–252011—31Вкупно3242100345Сепси2024–25Лига 1130——130Ниериѓихаза2025–26Немзети Бајнокшаг IНемзети Бајнокшаг I00——00Вкупно во кариерата17538705018738

Репрезентативни +Настапи и голови по репрезентација и година Национален тим Година Настапи Голови Македонија 2022 5 0 2023 2 0 Вкупно 7 0

Наводи

Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Грасхопер