мини|235x235пкс|Снимка од цртаниот филм „Книга на лисицата“ од Сахакјанц од 1975 година на ерменска поштенска марка од 2004 година
Роберт Аршавирович Сахакјанц (, , 30 август 1950 – 24 септември 2009) — ерменски аниматор и режисер на анимирани филмови од поранешниот Советски Сојуз и Ерменија. Сахакјанц е роден во Баку, во Советски Азербејџан, на 30 август 1950 година. Во 1964 година, со семејството се преселил во Ереван, Советска Ерменија.
Од 1970 година, Сахакјанц, работи во филмското студио „Арменфилм“ како аниматор, а од 1972 година се јавува и како режисер на анимирани филмови. Во 1987 година ја добил титулата „Заслужен уметнички работник на Ерменската ССР“. Истата година, неговиот анимиран филм „Лекцијата“ бил прикажан на „Филмскиот фестивал во Советскиот Сојуз“, каде што освоил награда. Во 2008 година, Сахакјанц, ја добил титулата „Заслужен уметник на Ерменија“. Неговите филмови освоиле бројни награди на меѓународните филмски фестивали во Италија, Шпанија, Франција, Германија, Јапонија, Украина и други земји.
Починал на 24 септември 2009 година во Ереван, Ерменија. Во негова чест, во овој град бил подигнат споменик во 2013 година.
Избрана филмографија
Кикос (1979) Лекцијата (1987)
Наводи
Надворешни врски
Профил на Animator.ru
Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Родени во 1950 година Категорија:Советски аниматори Категорија:Ерменски аниматори Категорија:Ерменски филмски режисери