мини|347x347пкс|МакеДокс 16 - Куршумли ан МакеДокс — македонски фестивал на креативен документарен филм. Се одржува секоја година во Скопје, почнувајќи од 2010 година. Главна фестивалска локација е историскиот објект Куршумли ан, а дел од програмата се реализира и на други јавни простори во градот, како Сули ан, Музеј на Македонија, МКЦ, Кинотека на Македонија, и др. Програмата на фестивалот вклучува проекции на документарни филмови од домашни и странски автори, работилници, дискусии („док-токс“), настапи во живо и музички содржини на отворено. Една од неговите специфики е создавање простор за средба меѓу авторите и публиката во неформална, креативна атмосфера – дискусии на отворено, „под смоквата во дворот“. Овој млад и авангарден фестивал претставува еден од најважните поттикнувачи за создавање филмска публика во Македонија.

Награди на фестивалот Во рамките на фестивалот чија инспирација и заштитен знак е кромидот, традиционално се доделуваат следните награди:

Официјални награди на МакеДокс:

Кромид - за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма; Млад кромид - за најдбар филм на нов автор (прв или втор филм); Сечкан кромид – за најдобар краток документарен филм; и Кокарче - за најдобар филм за деца и млади или најдобар студентски филм.

Се доделува и специјална награда:

Награда за филм за најдобри етички идеи; и Награда за филм со најдобра презентација на човекови права (доделена во 2012 и 2013).

За наградите одлучуваат жири-комисии составени од меѓународни професионалци од областа на документарниот филм.

Историја на фестивалот Првата фестивалска година, МакеДокс се одржал од 5 до 12 јуни 2010 година. Во август, истата година, во рамките на фестивалот се родила и идејата за Патувачко кино, под мотото „Истражи ја Македонија“ со проекции на повеќе места: Берово, Богданци, Вевчани, Велестово, Витолиште, и др. Во втората фестивалска година, покрај главната програма, биле прикажани и 5 еколошки документарни филмови. Во 2012 година, под мотото „Започнува нов живот, слоевит!“, во програмата на фестивалот, МакеДокс +, бил одржан „Авторски циклус со Мастер клас“, каде, автор во фокусот бил режисерот Желимир Жилник. Во 2013 година, фестивалот се одржал под мотото „Детоксикација“ и во негови рамки биле направени работилниците: Звукот на музиката во документарнит филм, Мастер клас за музиката во филмот и Док-муабети под смоквата. Низ годините мотото постојано се менува: „Природно“, „Во ритам на животот“, „Сите сме приказна“, „Што сега?“, „Лупење идеи“ и „Кому му е гајле за реалноста“. Низ годините на фестивалот се создала и програмата „Земја во фокус“, во рамки на која се портретираат земји со богато документарно филмско творештво, како што се Германија, Холандија, Украина, Чешка, Данска, и други. Во 2024 година, преку програмата „Регион во фокус“, фестивалот се насочил кон балканските кинотеки и нивните архиви.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Фестивалот

Категорија:Филмски фестивали во Македонија Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија