Деспина (Деспа) Манаки, позната и како Баба Деспина (, ; Клисура, 1791 — Авдела, 1911) — влашки платнар од село Клисура, денес во егејскиот дел на Македонија. Таа била баба на браќата Манаки, значајни пионери во развитокот на кинематографијата на Македонија. Прикажана во истоимениот домашен филм сниман во 1905 година од нејзините внуци. Според некои податоци, Деспина Манаки е најрано родената личност која била снимена со камера. Некои пак сметаат дека Деспина била родена во 1810-тите или 1820-тите.
Животопис Деспина Манаки најверојатно е родена во 1791 година во село Клисура, Костурско. Во тоа време Клисура било чисто влашко село. Поради непозната причина се преселила во Авдела, Гребенско. Авдела исто така било влашко село. Според некои истражувања Деспина е во сродство со Анастасиос Манакис, хеленизиран Влав од Мечовско и борец во Грчката војна на независноста. Таа е мајка на Димитриос, таткото на Милтон и Јанаки Манаки. Нејзиното семејство биле клучни во селото за време на влашката преродба.Historical Dictionary of the Republic of Macedonia, Historical Dictionaries of Europe, Dimitar Bechev, Scarecrow Press, 2009, , p. 234. Нејзиниот син се приклучил во движењето како претставник на Романската пропаганда врз Власите.Christodoulou, Christos K., "The Manakis brothers, the Greek pioneers of the Balkan cinema", Organization for the Cultural Capital of Europe Thessaloniki 1997, p. 33.
Во Баба Деспина
Деспина Манаки е главниот лик во истоимениот домашен филм сниман во 1905 година од браќата Манаки, нејзините внуци. Го снимале филмот со камерата „Камера 300“ купена од Лондон, Велика Британија. Филмот траел една минута и се смета за првиот филм снимен во Балканскиот полуостров. Според спомените на Милтон Манаки Деспина имала 114 години за време на снимањето. Пред тоа била сликана со стара влашка носија.Портрет Деспа Манаки, баба на Милтон и Јанаки
Смрт Деспина Манаки починала во 1911 година со 120 годишна возраст. Слики од нејзе се денес зачувани во Букурешт.
Наводи
Категорија:Родени во 1791 година Категорија:Починати во 1911 година Категорија:Луѓе од Клисура (Костурско) Категорија:Македонски Власи Категорија:Отомански Власи Деспина