Роберт Чарлс Дурман Мичам (6 август 1917 - 1 јули 1997) бил американски актер. Познат по своите улоги на антијунаци и појавувања во филм ноар. Мичам повеќе пати бил номиниран за Оскар и награда БАФТА. Добил ѕвезда на Холивудската патека на славните во 1984 година и награда „Златен глобус Сесил Б. ДеМил“ во 1992 година. Мичам е рангиран на 23-то место на листата на Американскиот филмски институт на најголемите машки ѕвезди на класичната американска кинематографија.

Мичам се здобил со популарност поради номинацијата за Оскар за најдобра споредна машка улога за филмот Приказната за Џи.Ај. Џо (1945). Неговите најпознати филмови се Од минатото (1947), Ангелско лице (1953), Река без враќање (1954), Ноќта на ловецот (1955), Небото знае, г-дин Алисон (1957), Патот на громовите (1958), Ртот на стравот (1962), Елдорадо (1966), Ќерката на Рајан (1970), Пријателите на Еди Којл (1973) и Збогум, моја драга (1975). Тој е познат и по неговата телевизиска улога како капетанот на американската морнарица Виктор „Мопс“ Хенри во епската мини-серија Ветровите на војната(1983) и продолжението Војна и сеќавање (1988).

Филмскиот критичар Роџер Еберт го нарекол Мичам негова омилена филмска ѕвезда и душа на филм ноарот: „Со неговиот длабок, лаконски глас и неговото долго лице и тие познати уморни очи, тој беше тип на човек што би го замислиле во салун на затворање, чекајќи некој да влезе низ вратата и да му го скрши срцето.“ Според Дејвид Томсон ниту еден американски актер не направил повеќе првокласни филмови, во толку различни расположенија.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Photographs and literature

Категорија:Американци со ирско потекло Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Родени во 1917 година Категорија:Добитници на Златен глобус