Заги — маскота на Летната универзијада во Загреб во 1987 година.

Создавање Кога било потврдено и договорено дека домаќин на Универзијадата ќе биде градот Загреб, се поставило прашањето која ќе биде маскотата на Универзијадата. На сите во сеќавање им останал популарниот лик Вучко, кој служел како маскота за време на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година. „Вечерњи лист“ потоа ги поканил граѓаните активно да учествуваат во изборот на маскота, да даваат предлози, идеи за решенија... Редакцијата била преплавена со бројни предлози и цртежи. Било предложено маскотата да биде врапче, кос и многу други шумски животни, дури и мечка, но повеќето предлози биле дека треба да биде верверица. Бидејќи, како што напишале и тврделе многумина поддржувачи, тоа е слатко животно, живо, мило и интересно. Со тоа, Заги официјално станала маскота на Универзијадата.

Обликување Врз основа на конкурс, работата за обликување на маскотата му била доверена на докажаниот мајстор Недељко Драгиќ. Очигледно целосно успеал во тоа. Работата на обликувањето на Заги била завршена во февруари 1985 година, а потоа слатката верверичка тргнала во незапирлив поход. Потребен бил многу труд за да се нацрта Заги во сите можни спортски пози, од кошаркарски до атлетичарски, но трудот се исплатил. Загрепската Универзијада добила маскота.

Извори книга: Официјален водич на 87-та Универзијада.

Поврзано Вучко

Категорија:Спортот во Загреб Категорија:Маскоти