Биоасфалт — алтернатива на асфалтот направена од обновливи ресурси кои не се базирани на нафта.

Овие извори вклучуваат шеќер, меласа и ориз, скроб од пченка и компиров скроб, природни смоли од дрвја и гуми, природна латекс гума и растителни масла, лигнин, целулоза, отпад од палмино масло, отпад од кокос, отпад од масло од кикирики, отпад од масло од канола, исушени отпадни води од канализација и така натаму. Битуменот може да се направи и од отпадот произведен при чистење на употребени моторни масла, кои обично се горат или фрлаат на депонии.

Битуменските врзива кои не се на база на нафта можат да бидат обоени, што може да придонесе да се намалат температурите на површините на патот и да се намалат урбаните топлински острови.

Загриженост за нафтата, животната средина и топлината Поради загриженоста околу нафтата, загадувањето и климатските промени, како и поради зголемената цена на нафтата од 2003 година, алтернативите кои не се од нафта станале попопуларни. Ова довело до воведување на алтернативи на биобитумен кои се поеколошки и нетоксични.

За милиони луѓе што живеат во или околу градовите, топлинските острови се од растечка загриженост. Овој феномен ги опишува урбаните и приградските температури што се од 1 до 6 °C потопли во споредба со блиските рурални области. Зголемените температури можат да влијаат врз заедниците преку зголемување на врвната побарувачка на енергија, трошоците за климатизација, нивоата на загадување на воздухот и болестите и смртноста поврзани со топлината. Постојат одредени мерки што заедниците можат да ги преземат за да ги намалат негативните ефекти од топлинските острови, како што е замена на конвенционалните црни асфалтни површини на патиштата со новиот пигментиран битумен што има посветли бои.

Историја и имплементација Асфалтот направен со врзива на база на растително масло бил патентиран од Colas SA во Франција во 2004 година.COLAS CST - Végécol

Компанијата „Шел Оил“ асфалтирала два јавни патишта во Норвешка во 2007 година со асфалт на база на растително масло.

Во 2015 година, француските истражувачи ги објавиле своите резултати за употребата на микроалги како извор на материјал за врзување на асфалт.

Поврзано

Асфалт

Наводи

Категорија:Аморфни супстанции Категорија:Хемиски смеси Категорија:Градежни материјали Категорија:Биомаса