Грујо Ангелов, роден Грујо Китанов Ангелов (Битола, 1885 — Битола, по 1951 г.) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учесник во Илинденското востание. Соработник со Македонските партизани за време на Народноослободителната борба. Поради неговите револуционерни дејности во 1948 година примил Илинденска пензија и во 1951 година му било доделено Илинденската споменица.

Животопис Грујо Ангелов е роден во 1885 година во градот Битола, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од сиромашно работничо семејство. Во 1902 година за прв пат се приклучува во македонското национално движење. Станал член на Македонската револуционерна организација и дејствувал во Битолскиот револуционерен округ. Претежно учествувал во организирањето на терористичкиот оддел заедно со Петруш Бојаџиев — Американчето. За време на Илинденското востание се приклучил во четата на Наум Илиев, околиска војвода по потекло од Издеглавје, Охридско. Учествувал во битки покрај селото Габалавци. Останал во побунтовното илегално движење сѐ до 1908 година за време на Младотурската револуција.

Со новосоздадените поволни услови Ангелов се враќа во Битола каде продолжува да работи како обичен работник. За време на Народноослободителната борба Ангелов ги подржувал Македонските партизани и ги снабдувал со храна. После Втората светска војна, поради неговата возраст, бил неспособен за работа. Поради тоа во 1947 година аплицирал за Илинденска пензија, програма воведена од македонскиот политичар Александар Мартулков. Но во 1 декември 1947 година неговата апликација била одбиена. Во 2 јануари 1948 година пратил дополнително писмо каде побарал да се разгледа неговиот случај. Истата година било донесено одлука да ја прими Илинденската пензија. Во 20 август 1951 година, со одлука од Собранието на Народна Република Македонија, Ангелов ја примил Илинденската споменица. Починал во Битола.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Починати во Битола Категорија:Родени во 1885 година Категорија:Дејци на МРО Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Добитници на Илинденска пензија Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Илинденска споменица