Суџоу (упр. кин.: 苏州河 трад. кин. : 蘇州河 пинјин: sūzhōu hé) — кинеска река што тече низ Шангај каде што се влева во реката Хуангпу. Реката го добила името според богатиот град Суџоу во соседната покраина Џјиангсу, кога Шангај сè уште бил само село.
Реката се нарекува и Вусонг (поедноставен кинески: 吴淞江; традиционален кинески: 吳淞江; пинјин: wúsōng jiāng).
Географија Реката Суџоу е една од главните реки што извираат во езерото Таи. Таа е долга 125 км, од кои 54 км се во општината Шангај и 24 км во внатрешните градски области. Се влева во реката Хуангпу северно од Бунд.
Историја Во XIX век, за време на ерата на странски концесии, реката ја означувала границата помеѓу британската концесија основана на десниот брег и американската концесија која се наоѓала на левиот брег. Овие две концесии се споиле во 1863 година за да ја образуваат меѓународната концесија.
Културни аспекти Суџоу е клучен елемент на германско-кинескиот филм „Реката Суџоу“ (2000) од режисерот Лу Је, кој ги прикажува животите на обичните луѓе во старите квартови на северниот брег на почетокот на новиот милениум.
Поврзано Хуангпу Јангцекјанг Езеро Таи
Категорија:Реки во Шангај Категорија:Реки во Џјиангсу Категорија:Географија на Суџоу