Наум Веќилхарџи (роден Наум Панајот Бреди; 1797–1846) бил албански правник и учен. Во 1844, тој објавил уникатна азбука за албанскиот јазик со букви што тој лично ги создал, наречена Виткуќска азбука. Веќилхарџи е еден од најзначајните фигури во раната албанска преродба, и се смета за нејзин прв идеолог.
Биографија
Ран живот Наум Веќилхарџи е роден на 6 декември 1797 во село Виткуќ, во близина на Корча, во јужна Албанија во православно христијанско семејство.Naum Veqilharxhi (1844). Fort i shkurtër e i përdorshim ëvetar shqip, Bucharest, p. 3 "Pjellë mbë 1797 mbë 6 të Deqembvrit." Неговото семејство го презело прекарот Веќилхарџи ( управник) бидејќи неговиот татко Панајот Бреди го снабдувал дворот на Али-паша Јанински. По уништувањето на Виткуќ во 1819, во потрага по подобар живот заминал во Дунавските кнежевства. Како студент учествувал во Влашкото востание од 1821. Неколку години подоцна работел во Браила како адвокат, се збогатил и ги искористил своите пари за промоција на идеите на албанската преродба.
Дејност Во 1824 или 1825 започнал со создавање на азбука за албанскиот јазик. Конечната верзија на неговата Виткуќска азбука од триесет и три букви, чии знаци ги измислил лично тој, била испечатена како дел од буквар во 1844-5 со наслов Ëvetari Shqip Fort i Shkurtër ("Најкорисната и најконцизната албанска азбука"). Веќилхарџи избегнувал употреба на латински, грчки или арапски букви и знаци поради можното нивно повраување со религијата и можноста да предизвикаат поделби помеѓу Албанците од различни религии. Букварот на Веќилхарџи прво бил дистрибуиран во Корча и подоцна на запад до Берат, каде што постигнал голем успех. Букварот циркулирал и во Премет.Pahumi, Nevila. "The Consolidation of Albanian Nationalism: The League of Prizren 1878-1881". Page 25: "Berat, Korça and Përmet" На 22 април 1845 Атанас Паскали, еден од позначајните луѓе од Корча заедно со други му испратил писмо во кое барал што е можно повеќе примероци. Помеѓу албанските историчари, ова дело на Веќилхарџи се смета за почеток на албанската преродба.
Во 1845 Веќилхарџи испратил отворено полемичко писмо до својот внук на грчки јазик, кој ги нарекол неговите патриотски идеи химера: писмото се смета за еден од првите пишани документи во кои се споменуваат главните идеи на албанското преродбенско движење.Islami, p.137 Се смета дека неговата смрт е предизвикана од труење, според некои по наредба на Цариградскиот патријарх. Причината и времето на неговата смрт се непознати. Се верува дека починал кратко по летото 1846 година, кога се објавени последните информации за него во влашкиот печат.Yll Rugova (2022). Dëshmi të reja për vendin e shtypit të Ëvetarëve nga Naum Veqilharxhi dhe çështje të tjera, in Seminari ndërkombëtar për gjuhën, letërsinë dhe kulturën shqiptare (40), Prishtina, p. 296–322.
Виткуќска азбука
десно|мини|300x300пкс|Буквите од оригиналното писмо на Веќилхарџи (во црвено). Буквите што недостасуваат gj, rr, xh and zh се означени со X. Веќилхарџи измислил оригинално писмо за своите буквари. Писмото кое понекогаш се смета за слично со ерменската азбука, најверојатно било развиено некаде околу 1825 година. Писмото на Веќилхарџи, познато како Виткуќско писмо, по родното место на неговиот автор. Краток период се користело во некои делови на Албанија, но никогаш не доживеало поголема популаризација.
Наводи
Категорија:Изумители на писма Категорија:Албанска преродба