мини|Дрндање памук Дрндарски занает — производство и обработка на памук.

Историјат Памукот е една од најстарите текстилни култури во светот. Податоците за одгледување на оваа индустриска култура во Египет, Кина, Средна Азиија и Закавказје се однесуваат до пред нашата ера. Во 10 век памукот од Африка бил носен во Шпанија каде што во Барцелона се вршело текстилно проиизводство, на територија на САД колонистите почнувале да одгледуваат памук од почетокот на 17 век, и ако старо седелците се занимавале со памук уште од постаро време.

Меѓу големите производители на памук спаѓаат Кина, САД и Индија.

Историја во Македонија Во Македонија, посебно во скопскиот регион одгледувањето на памук било вековна традиција. Кај нас како и на целиот Балкан, памукот бил донесен од Азија, поточно Турција, и најмногу се одгледувал во јужна Србија и Македонија.

Во 1931 година со памук биле засеани 839 хектари во Македонија, додека во 1956 година имало 13144 хектари. Памукот се сеел во Скопско, Кумановско, Овчеполско, Кочанско, Струмичко, Гевгелиско, Тиквешко, Велешко. Во Скопје до 1928 година постоеле дрндари, преработувачи на памукот, а имало и големи складишта за увезена стока од сите можни мустри добиена од англиски, француски и арапски фабрики. Во Скопје постоеле памучно-мануфактурни работилници.

Начин на производство и обработка на памукот Памукот се сеел со рачно расфрлање на семето по нивите. По никнување памукот се „одретчувал“ со негово прашење, односно се оставале онолку корења колку што требало за да се добие повисок принос. Ова се вршело со помош на мотика. На нивите обично работеле жени и деца, бидејќи мажите имале други обврски во домаќинството.

Памукот се берел така да биде чист, односно да не се меша со суви лисија и друго. Собраниот памук го прострирале под отворено небо во дворот за да се исуши, по неколку сончеви дена памукот се собирал во големи вреќи од козина. Бидејќи чушарките не зреат истовремено, памукот се берел во неколку наврати во период од две до три недели, односно од крајот на летото па се до последните есенски денови.

Некогаш селаните го носеле памукот во влачарницата во Свети Николе. Влакното било готово за употреба кога било исчистено од семката, процес што се нарекувал „егренирање“,Мала енциклопедија просвете, IV издание, том 2, Просвета Београд 1986, 922 друг процес за оваа намена е дрндање или омекнување по што се добивал памук како текстилна суровина.

Алати на занаетот Вител е дрвена алатка која се користела за чистење на чушарките од памуковото семе. Оваа алатка има четвртаста рамка со подебела основа што служела за стабилизирање за време на работењето. Лак е алатка за омекнување или за дрндање на памукот. Се изработувал од јако и меко дрво, односно извиткана гранка од јасен, бреза, даб, дрен, липа, елка, смрека, итн. Лакот има свиткано парче дрво во вид на хокејска палка со рачка за спојување на свитканиот дел и тетивата.

Наводи

Категорија:Занаети