Коста Абдерманов (Пателе, ) — македонски академски вајар.

Животопис Абдерманов е роден во 1927 г. во леринското село Пателе, Егејска Македонија. Се иселува во Македонија како дете бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Завршил Академија за ликовни уметности во Белград во 1954 година. Член е на ДЛУМ. Излагал на повеќе групни и ревијални изложби. Автор е на неколку бисти на народни херои и првоборци, како и коавтор на Споменикот на паднатите борци во с. Богомила.

Наводи

Категорија:Македонски вајари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Деца бегалци