Санда Репац Јаковлевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во времето на окупацијата живеела во родниот град и од половината на 1942 година активно учествувала во НОД. Во почетокот била член на воспитна група, а од февруари 1943 година, станала член на КПЈ. Разнесувала и растурала илегален материјал, собирала народна помош, пронаоѓала станови за илегалци, чувала илегалци. Повремено кај неа се одржувале илегални состаноци. За кратко време во нејзиниот дом била сместена партиската техника. Кога се работело на партиските материјали Санда чувала стража. Раководела со воспитни групи. Била член на раководството на АФЖ, како и на НОО.
Воспитни групи Во 1942 година биле формирани три воспитни групи во Гостивар:
I. Српско Маало - Поповска Славка секретар на групата, а членови: Митревска Јелица и Стефановска Загорка; II. Македонско Маало - Дуцевска Марта секретар на групата, а членови: Китановска Павлина, Матевска Марија, Петровска Олгица; III. Ново Маало - Кипроска Магда секретар на групата, а членови: Иљоска Темјанка и Јаковлевска Санда;
Во текот на 1943 во бранот на апсења што го зафатил Гостивар, уапсени биле, Марта Дуцевска и членот на МК, Арсена Деспостовска. Непризнавајќи ништо, по 5 до 10 дена затвор, тие биле ослободени. Меѓутоа, наскоро доаѓа до нивно повторно затворање. И овој пат, мачните и понижувачки сослушувања не го скршиле нивниот револуционерен морал, па како и во првиот случај, во недостиг на докази, тие биле ослобдоени.
АФЖ во Гостивар Првиот одбор на АФЖ во Гостивар постојано се ширел, така што од него изглегле уште две групи. Со првата продолжила да раководи Магда Кипроска, a втората ja раководела Марија Матевска. Бројот на жените што пристапувале кон сѐ уште илегалната opraнизација на АФЖ постојано се зголемувал, па во Дебар Маало се формирала ѝ третата група со која раководеле Арсена Деспотовска и Марта Дуцевска. Четвртата група на АФЖ во Гостивар се формира во Македонското Маало и таа била раководена од Павлина Китановска. Меѓу првите членки на АФЖ биле и: Славка Бундалевска, Санда Јаковлевска, Даница Кипровска, Верица Китановска, Рафа Китановска, Аница Михајловска и др.
Поврзано
Донка Јаковлевска
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ