Крајовската спогодба (, ) била потпишана на 7 септември 1940 година и ратификувана на 13 септември 1940 година од страна на Царството Бугарија и Кралството Романија. Според нејзините услови, Романија ја отстапила Јужна Добруџа назад на Бугарија, која Романија ја добила по Втората балканска војна во 1913 година.
За разлика од сите други територијални договори посредувани од нацистичка Германија, Крајовска спогодба не била поништена од страна на сојузниците по Втората светска војна и Јужна Добруџа останала бугарска.
Услови На инсистирање на Романија договорот предвидувал да се изврши размена на население меѓу Бугарија и Романија. Така, 103.711 Романци, Аромани и Власи кои живеале во Јужна Добруџа биле принудени да се преселат во Северна Добруџа (дел од Романија), а 62.278 Бугари кои се наоѓале на север биле присилно преселени на југ во во Јужна Добруџа (дел од Бугарија). Повеќето од тие Романци биле доселеници кои емигрирале во Јужна Добруџа по Букурешкиот договор, со кој регионот ѝ бил доделен на Романија. Влашките доселеници, од кои повеќето биле родени во Грција, биле сметани за Романци и исто така ја напуштиле зоната. Случајот со мегленско-романските доселеници не бил различен. Тие биле депортирани од Јужна Добруџа и се населиле во селото Черна во рамките на романските граници. Добруџанските Германци, кои биле погодени од овие преселби, на крајот ќе бидат префрлени во нацистичка Германија.
Бугарија морала да им надомести на раселените Романци за нивните загуби на капитал, и да ѝ плати на Романија 1000 милиони леи за инвестиции направени во регионот.
Иако билатералниот договор вклучувал присилно раселување на стотици илјади луѓе, тој бил спроведен мирно и во согласност со меѓународните закони во тоа време: ова било во остра спротивност со отстапките на Романија кон Советскиот Сојуз и кон Унгарија во тоа време, бидејќи двата настани биле исполнети со значително насилство. Романија дополнително предложила да се разменат сите членови на соодветните етнички малцинства што живеат во остатокот од двете земји, но ова било одбиено од Бугарија.
Наводи
Поврзано Добруџа Надворешни врски
Категорија:Меѓународни договори за територијални промени Категорија:Мировни договори на Бугарија Категорија:Мировни договори на Романија