Блага Орданоска Јанеска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис За време на кралството Југославија и припаѓала на напредната младина во Прилеп. Во 1940 година била опфатена во младинска марксистичка група. Окупацијата ја затекнала во родниот град и веднаш активно и организирано се вклучила да paбoти за НОД во заднината преку една женска воспитна група. Била член на женската комисија при Месниот Комитет КПЈ - Прилеп. Организирала и раководела женски групи. Од јули 1942 година станала член на КПЈ, била задолжена во секторот за работа со жени и партиска техника. Поради настаната провала во прилепската партиска организацнја (есента 1942), по барање на организацијата оди во Скопје каде останала еден и пол месец. Собирала народна пoмош и санитетски материјал кои ги предавала на партизните. Во 1943 година го ставила на располагање својот стан за одржување на состаноци на организацијата. Во cептември 1944 година по барање на Околискиот комитет на КПМ - Прилеп била испратена на работа во заднината во Мариовско. Работела на создавање одбори на АФЖ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ