Осмиот патник: Земја () — американска научнофантастична серија на ужасите, дел од франшизата „Осмиот патник“ и предисторија на првиот филм. Нејзин создавач е Ноа Холи, а еден од извршните продуценти е Ридли Скот. Главните улоги ги толкуваат Сидни Чандлер, Алекс Лоутер, Еси Дејвис и Тимоти Олифант.
Премиерното прикажување започнало на 12 август 2025 г. на FX и FX on Hulu во САД, како и на Disney+ на меѓународно ниво.
Содржина Дејството на серијата се одвива на Земјата во 2120 г., две години пред настаните во филмот „Осмиот патник“. Уште пред премиерата, Ноа Холи изјавил дека дејството нема да биде ограничено на една местоположба. „Настаните во проектите за вонземјаните секогаш се одвиваат во затвори, на вселенски бродови“, изјавил Холи во едно интервју. „А јас се замислив, што ако малку ја отвориме вратата и ги кренеме залозите? Што ќе се случи ако не успееме да ги задржиме вонземјаните во затворен простор?“
Улоги ГлумецУлогаСидни ЧандлерВендиАлекс ЛоутерЏо ХермитЕси ДејвисСилвијаСемјуел БленкинБој КавалиерБабу СизејМороуАдарш ГуравСлајтлиЕрана ЏејмсКерлиТимоти ОлифантКирш
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Американски научнофантастични серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__