Зборови () — поетска збирка од Жак Превер од 1946 година.
Поезијата на Жак Превер, напишана на едноставен јазик, содржи длабоко емотивни слики, имагинативни и иронични, со длабоки значења и алузии. Често непосредни, остри и општествено ангажирани, тие ги одразуваат човечките грижи и судири како во огледало. Авторот мајсторски го манипулира јазикот, ставајќи зборови во контексти што предизвикуваат размислување, откривање и преиспитување. Тој создава, сликајќи со своето перо, магични слики и сцени извлечени од секојдневието, заситени со боја, звук и подробности.
Збирката доживеала голем успех и била повеќе пати издавана во следните години. Некои од песните во неа, некои дури и пред нејзиното објавување, станале основа за популарни песни изведени од познати уметници, како што се Маријан Освалд, Ив Монтан, Жилиет Греко, Марлен Дитрих, Серж Реџани.
Книгата била рангирана на 16-то место на списокот на 100 книги на 20 век според „Ле Монд“.
Наводи
Категорија:Книги од 1946 година Категорија:Жак Превер