Атанас Николов Поп Василев (познат како Свештаров или Свештарот) (Горно Броди, – Станимака, ) — македонски револуционер и општественик, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Свештаров е роден на 23 февруари 1847 г. во серското село Горно Броди, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Живее и работел во Сер. Во 1867 г. Свештаров заминал за Света Гора, од каде преку Цариград, стигнал во Одеса, Русија. Таму работел како пекар, а потоа заминал за Бесарабија, каде дознал за формирањето на четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа. Заминал во Влашка, но веќе четата се префрлила преку Дунав. За да се издржува, Атанас работи во Констанца, Меџидија и с. Тополово, Добруџа, а од 1873 г. учествувал во изградбата на нова железничка линија во Кадиево, Пловдивско.

Во 1875 г., тој заминал за Херцеговина за да земе учество во востанието против отоманските власти. Меѓутоа, Свештаров бил уапсен во Србија и вратен во Романија. Таму почнал да работи како бојаџија во градот Турну Магуреле.

Подоцна се приклучил во четата на Христо Ботев и откако четата го преминала Дунав кај Козлодуј, тој активно учествувал во сите борби кои ги водела сѐ до смртта на Ботев на 1 јуни 1876 г. Заедно со својот пријател Тодор Стојанов од Неврокоп и другите востаници, заминал за Стара Планина, каде четата била уништена. Атанас и останатите 40 четници биле затворени во различни делови од Бугарија, Сер, Неврокоп, Софија. По општата амнестија, сите се ослободени во Софија.

По своето ослободување се вратил во Сер, каде што отворил книжарница и активно се вклучил во црковно-училишната борба против грчката пропаганда. Во обновата на егзархиското училиште, тој соработувал заедно со учителот Петар Сарафов – татко на Крсто и Борис Сарафови. При крштевката на својата прва ќерка Олга, Свештаров го избркал грчкиот свештеник. Поради својата дејност во Серскиот револуционерен округ на ВМОРО, Свештаров бил прогонуван и следен од турското и грчкото население. Повеќепати бил цел на обиди за негово убиство. Неговиот дом станал место за средби и прибежиште на македонските револуционери. Таму се одржала и последната средба на Гоце Делчев и дејците на Серскиот Округ, пред нивното заминување за с. Баница.

По потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 г. и поделбата на Македонија, Атанас со семејството се преселил во Пловдив, а подоцна во Скеча. Во 1919 година, по окупацијата на Скеча и цела Западна Тракија од страна на грчката армија, Свештаров одново со семејството се преселил во градот Станимака (подоцна Асеновград), Бугарија, каде починал на 12 март 1930 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски општественици Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски преселници во Асеновград