мини|Вилијам Холман Хант, Лондонскиот мост на ноќта на свадбата на принцот и принцезата од Велс, 1864, масло на платно, 65 см x 98 см, Ашмолински музеј, Оксфорд.|314x314пкс„Лондонскиот мост во ноќта на венчавката на принцот и принцезата од Велс“ — слика од 1864 година од англискиот предрафаелитски уметник Вилијам Холман Хант. На неа е прикажана сцена со толпа на луѓе на Лондонскиот мост во ноќта на 10 март 1863 година, по венчавката на принцот Алберт Едвард и принцезата Александра во замокот Виндзор претходно истиот ден. Мостот е прикажан украсен со дански знамиња во чест на принцезата Александра, која се омажила за најстариот син и наследник на кралицата Викторија. Хант бил фасциниран од контрастот на вештачката и природната светлина, како и од „ Хогартовиот хумор“ на толпите.

Сега е дел од колекцијата во Ашмолинскиот музеј во Оксфорд.

Наводи

Литература

Allen, Rick. The Moving Pageant: A Literary Sourcebook on London Street Life, 1700-1914. Routledge, 2006. Charles, Victoria. Art in Europe. Parkstone International, 2014. Dyos, Harold James & Wolff, Michael . The Victorian City: Images and Realities, Volume 2. Taylor & Francis, 1999. Категорија:Британски уметнички слики Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант Категорија:Знамиња во уметноста Категорија:Мостови во уметноста Категорија:Лондон во уменоста