Месен народен одбор Челопек ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. Центар на општината било селото Челопек.
Историја Месниот народен одбор Челопек бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, a негово единствено составно населено место било Челопек. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек бил проширен на сметка на укинатиот МНО Алгуња со селата Гулиновац и Алгуња. МНО Челопек тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек не претрпел територијални промени. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Челопек бил укинат на сметка на проширената Општина Старо Нагоричане.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Челопек имал 1.534 жители. Од таа бројка, 819 биле Македонци, 577 биле Срби, додека 138 биле Роми. Година1948Населено местожителиАлгуња725ГулиновацЧелопек809Вкупно1.534
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Челопек (Кумановско) Челопек (Кумановско) Челопек (Кумановско) Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија