Српската гимназија во Битола била отворена со поддршка на српскиот конзул во 1897 година. Машката и женската гимназија во својот состав имале и интернати, а кои поради недостигот на ученици примале и ученици од Косово и Метохија, кое сè уште било под Османлиска управа. Машката гиманзија (Српска православна гимназија) била сместена до Народниот театар. Во неа се запишувале ученици по завршеното четиригодишно основно образование, била непотполна т.е. нижа (до четврти клас) и наставата се изведувала само претпладне.
Покрај општообразовните предмети бил застапен српскиот како наставен јазик и турскиот јазик. Од 1913 година преминала во полна гимназија и во неа се школувале децата од скоро сите средни училишта, а наредната година била целосно екипирана и со наставнички кадар.
Директори
Сава Јакиќ Михаило Питовиќ Коста Ковачевиќ Јеротије Топаловиќ Аранѓел Јотиќ Петар Косовиќ
Бројност на учениците Бројноста на учениците во гимназијата по учебни години била следнава:СРЕДЊЕ СРПСКЕ ШКОЛЕ У ОСМАНСКОМ ЦАРСТВУ (1878–1912) ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА, Мр Александра Ж. Новаков , Нови Сад, 2014. године
+Учебна годинаБрој на ученици1897/8641898/91171899/01051900/1721901/2811902/3781903/4791904/5931905/6801906/7751907/8711908/9621909/10571910/11681911/1287
Наводи
Категорија:Образованието во Битола