Месен народен одбор Бешиште ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја Месниот народен одбор Бешиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Бешиште, Манастир и Полчиште. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бешиште останал територијално непроменет. МНО Бешиште тогаш припаѓал во Прилепската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бешиште не претрпел територијални промени. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Бешиште бил укинат на сметка на проширената Општина Витолиште.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бешиште имал 2,067 жители, односно вкупното население на Бешиште, Манастир и Полчиште. Од таа бројка, 2,062 биле Македонци, 3 биле Срби, додека 2 биле Црногорци.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Бешиште Бешиште Бешиште Категорија:Мариовска Околија Категорија:Прилепска Околија